Достапни линкови

Владата и ЗНМ постигнаа договор за целосна декриминализација


Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и претседателот на ЗНМ Насер Селмани на денешната прес конференција објавија дека владата и ЗНМ постигнаа соглсност клеветата и навредата да бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја да се регулира со посебен граѓански закон. Арифи истакна дека за една недела тие ќе излезат со попрецизирани одредби. Дополнително претседателот на ЗНМ појасни дека ќе треба да се договорат казните што ќе се однесуваат на евентуални случаи по тужби за новинарите.
XS
SM
MD
LG