Достапни линкови

Замолчани медиуми, нетранспарентни институции


Илустрација: Мито.

Илустрација: Мито.

Негативните трендови во медиумите мошне негативно влијаеја на состојбите со транспарентноста во државата, велат во Транспарентност Македонија.

Во извештајот за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството во 2011 година, Транспарентност Македонија предупредува за неколку случаи – незаконско и ненаменско трошење јавни средства, отсуство на превенција на корупција и состојбата во медиумите. Извештајот е поделен на неколку теми. Првата тема се однесува на демократијата и преку овој дел Транспарентност Македонија предупредува дека во земјава неколку години владее антикорупциски молк.
Според официјалните наоди на Државниот завод за статистика, граѓаните на Македонија годишно плаќаат една милијарда евра за мито кое им е побарано или на кое тие се согласиле. Исто така, според годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година за набљудуваните расходи на 169 институции во вредност од околу 1,5 милијарди евра, ревизорите дале негативно мислење за 500 милиони евра.

„Според официјалните наоди на Државниот завод за статистика, граѓаните на Македонија годишно плаќаат една милијарда евра за мито кое им е побарано или на кое тие се согласиле. Исто така, според годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година за набљудуваните расходи на 169 институции во вредност од околу 1,5 милијарди евра, ревизорите дале негативно мислење за 500 милиони евра“, вели Ана Јаневска Делева, извршен директор во Транспарентност Македонија.

Ваквата ситуација наведува на тоа дека Македонија полека, но сигурно, ја губи битката со корупцијата, оценува таа. Преку овој извештај, организацијата продолжува да предупредува и на лоши практики во медиумската индустрија. Јаневска Делева вели дека минатата година сотојбата во медиумите била поразителна.

„Продолжија исклучително негативните трендови во медиумите коишто влијаеја мошне негативно на состојбите со транспарентноста во државата. Македонија минатата година се најде и на сите релевантни меѓународни црни листи во областа на медиумите, како што е Фридом хаус, Амнести интернејшнал, Меѓународен прес институт, меѓународна партнерска групација за слобода на говор, Индекс на цензура и тн.“

Извештајот за 2011 година дава детален пресек на повеќе недостатоци во функционирањето на сите три власти и нуди конкретни совети и препораки во областа на незаконското антикорупциско работење. И во 2011 година во извештајот се следат состојбите во борбата против корупцијата и криминалот, транспарентноста во општеството и регенерирањето на институциите што трошаат јавни пари.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG