Достапни линкови

Во Авганистан состојба на готовност


Авганистанските безбедносни сили се во состојба на готовност поради очекуваните демонстрации по петочните молитви поради палењето на Куранот во една база на НАТО. Американскиот генерал Џон Ален денеска изјави дека имало напредок во истрагата околу инцидентот. Тој побара од авганистанците трпеливост и воздржаност. Најмалку 15 лица биле убиени, вклучувајќи и двајца американски војници, во тридневните насилни протести во врска со инцидентот. Американскиот претседател Барак Обама вчера испрати писмо со извинување до авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Талибанците го отфрлија извинувањето на Обама и ги повикаа авганистанците да ги напаѓаат странските сили.
XS
SM
MD
LG