Достапни линкови

Германија со силна поддршка за Србија


Германскиот министер за наворешни работи Гвидо Вестервеле синоќа во Белград изјави дека силно ја поддржува Србија во обидот да се влезе во Европската Унија. Тој изјави дека Германија сака Србија да го добие кандидатскиот статус, бидејќи Германија „цврсто стои зад европските перспективи на Србија“. Тој по средбата со шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ истакна дека во Белград е дојден од две причини - да одаде признание и да охрабри.
Јеремиќ изјави дека Србија стори се што е во нејзина моќ за да ги исполни барањата и препораките што Брисел ги изнесе во декември.
XS
SM
MD
LG