Достапни линкови

Најмалку 60 жртви од бомбашките напади во Ирак


Најмалку 60 луѓе загинале а над 225 луѓе се ранети по вчерашната серија бомбашки напади во Ирак. Најголем број од нападите се случија во Багдад.
Цел на овие напади во квартот Карада во Багдад, во другите градови и провинцијата Салахудин, биле шиитски подрачја и полицијата.
Политичарите во Ирак сметаат дека со нападите требало да се предизвика тенизии меѓу Шиитите и Сунитите како и да му наштетат на Самитот на Арапската лига кој треба да се оддржи во Багдад кон крајот на март.
XS
SM
MD
LG