Достапни линкови

Италија осудена за депортација на мигранти во Либија


Европскиот суд за човекови права и нареди на Италија да им плати илјадници евра на 24 мигранти од Сомалија и Еритреја кои избегале од Либија во Италија во 2009 година. Италијанските власти ги вратија мигрантите во Либија со билатералниот договор меѓу властите на двете земји.
Судот пресуди дека мигрантите биле ставени под ризик дека ќе бидат подложени на лош третман во Либија, како и под ризик да бидат протерани во Сомалија, каде исто така можеби ќе биле затворени или предмет на тортура.
XS
SM
MD
LG