Достапни линкови

Започна кампањата за парламентарните избори во Иран


Луѓе поминуваат покрај постерите со кандидатите на парламентарните избори во Иран

Започна кампањата на повеќе од 3400 кандидати на парламентарните избори во Иран кои ќе се одржат на 2 март. Аналитичарите предвидуваат дека владејчката конзервативна фракција која е лојална на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи ќе извојува лесна победа на изборите.
Реформистите блиски до поранешниот претседател Мохамад Хатами се очекува да имаат минимална улога во новиот Парламент.
XS
SM
MD
LG