Достапни линкови

Граѓаните штедат кој како знае и умее, но велат дека тешко оди кога е студено. Министерот за економија, Ваљон Сарачини изјави дека ситуацијата се нормализира.

Не може да се штеди струја, кога е студено. Мора да се грееме, да готвиме, да переме алишта. Вака повеќето граѓани одговорија кога ги прашавме дали ја штедат електричната енергија. Сепак, дел од анкетираните велат дека се обидуваат колку можат да заштедат, па така на пример внимаваат кога ќе вклучат машина за перење, прават ручек на ефтина струја, ги гаснат сијалиците кои не им се неопходни. Но, и покрај тоа велат дека сметките за струја се превисоки.
Скапа, евтина струја, сметката пак иста, дали ќе штедиш и на ефтина ќе работиш, сметката пак е астрономска.

„Кога има евтина на пример ќе ја вклучам печката да се полни, бојлерот да се загрее.“

„Штедам на бојлер, мислам кога е евтина струјата и се обидувам еднаш неделно да го вклучам, не вклучувам сијалици, тоа е.“

„Светилките, на тоа штедам, инаку тоа што се тековни работи мора да си ги завршиш.“

„Скапа, евтина струја, сметката пак иста, дали ќе штедиш и на евтина ќе работиш, сметката пак е астрономска.“

„Што ќе штедиме кога ни студи.“

Во обид да се намали потрошувачката на електрична енергија и да се избегне поголема електоенергетска
Пак на штета на граѓаните, без улично осветлување беше тешко.
криза, Владата упати апел до сите граѓани да внимаваат како ја трошат електричната енергија. Во изминатите неколку дена беа изгаснати повеќето улични светилки, како и рекламното осветлување низ градот. Граѓаните се сомневаат дека ваквите мерки ќе заштедат повеќе струја. Се жалат дека темницата во главниот град им создава дополнителни грижи и не се чувствуваат безбедно.

„Во Лисиче живеам, тоа се е исклучено, а се лизга ќе паднеш, поарно е дома да се штеди, а не вака по улиците.“

„Повеќе се фирмите што не го прават тоа, не се само уличните да не светат, а другите да не го применуваат тоа.“

„Пак на штета на граѓаните, без улично осветлување беше тешко.“

Колку и како граѓаните штедат електрична енергија, а како, пак, штеди владата? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Во меѓувреме, министерот за економија, Ваљон Сарачини изјави дека ситуацијата се нормализира. Според него, подобрувањето на временските услови ќе доведе до значително намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Владата, пак, немало да ги казнува оние кои досега не ги почитувале препораките, но апелот до граѓаните и компаниите да ја штедат струјата останува.

Според проекциите на ЕВН, рестрикциите на уличното и рекламното осветлување ја зголемиле заштедата на електричната енергија за нешто повеќе од еден процент. Мерките за штедење кои ги презеде Владата вклучуваа забрана на извоз на струја, исклучување на сите светлечки реклами, редуцирање на осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите и спомениците и забрана за употреба на електрична енергија за дополнително загревање.

Опозицијата реагираше на употребата на овие мерки, оти според неа тие се симболични и од нив не може да се очекува да придонесат за реално намалување на потрошувачката.

Според упатените во оваа област, Македонија повеќе троши отколку што произведува. Потрошувачката од 36 проценти во домаќинствата е за 8 проценти повеќе од земјите на Европската унија , а тоа, според експертите, е резулатат на голема потрошувачка на струја за греење, термички слабо изолирани станови, големиот број невработени седат дома и мора да греат за да преживеат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG