Достапни линкови

Пропусти во експериментот за честиците кои патуваат побрзо од светлината


Европската организација за нуклеарно истражување соопшти дека пронашла пропуст во експериментот која покажува дека честичките патуваат побрзо од светлината. Резултатот од експериментот наиде на скептицизам во научните кругови кога беше објавен во септември минатата година. Брзината на светлината беше утврдена од физичарот Албет Анштајн.
Потпаролот на организацијата, Џејмс Гилис изјави дека пропустот во експериментот може да се должи на лошата фибер-оптичка конекција, која имала влијание врз мерењата на брзината на честиците.
Целосното истражување според Гилис ќе биде објавено на крајот на годината, но најверојатно на крајот Анштајн ќе испадне во право.
XS
SM
MD
LG