Достапни линкови

logo-print

Тачи-Србија денеска ќе ја признае независноста на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека со новиот договор, што ќе биде постигнат денеска во Брисел, Србија ќе ја признае независноста на Косово. Тачи по посетата на Приштина на американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс, рече дека е постигнат договор Косово да биде претставено на регионални форуми со споменување на Декларацијата за независност од 17 февруари 2008 година, одлуката на Меѓународниот суд по прогласувањето независност и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година.
Регионалното претставување на Косово е една од главвните теми на преговорите меѓу Белград и Приштина што од вчера се одржуваат во Брисел.
XS
SM
MD
LG