Достапни линкови

ЕК- Грција ќе падне во поголема рецесија од претходно очекуваната


Европската комисија соопшти денеска дека очекува Грција да западне во поголема рецесија во 2012 година со пад на економската активност од 4,4 проценти. Според прогнозите земјата во наредниот период ќе биде погодена од забавување на надворешната побарувачка и намалување на внатрешната побарувачка, поради реформите на пазарот на труд и намалување на платите во држваниот и приватниот сектор.
На Грција пред неколку дена им беше одобрен вториот пакет за спас на земјата од должничката криза во висина од 137 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG