Достапни линкови

Дневен печат - Шангајска листа за домашен престиж


Која е вистинската шангајска листа за рангирање на универзитетите? Македонските факултетлии шампиони во бегање во странство - дел од темите во дневните весници.

Кавга за престижот - Утрински насловува дека „Приватниот универзитет ФОН бара правично рангирање на универзитетите“; Дневник пишува: „од Шангајски тврдат: Имаше повеќе ранг-листи на универзитети со што го демантира Министерството за образование дека имало само една што ја објавија пред една недела“. А Нова Македонија подбивно насловува „Шангај за низ дома“, забележувајќи дека ниеден универзитет не се потресе што никаде не нема на листата на 500-те најдобри во светот, но силно се загрижија за својот локален пласман - дома.
Импресивните бројки на Заводот служат само како политичка јадица за гласови, а вистината е дека на секој Македонец што живее со плата од околу 330 евра му требаат уште најмалку 150 евра за да ги подмири месечните трошоци.
Утрински весник.

И додека видиме кој е во право, а кој мести резултати, пак, според ќефот на власта, Светска банка направила истражување според кое сме на врвот на листата земји што извезуваат висококвалификувани кадри, како што објавува Утрински. Не дека не знаевме, ама поразително изгледа кога ќе се прочита дека дури 29 проценти од оние 22 проценти млади што си заминуваат од Македонија се со факултетски дипломи. Епа, Миле чорба - како велат оние од К-15.
Ерга омнес отпаѓа, пак во игра двојната формула, пишува Нова Македонија.
Ерга омнес отпаѓа, пак во игра двојната формула, пишува Нова Македонија.

Повторно Утрински ги анализира податоците што ги објавува Заводот за статистика, тврдејќи дека нивните проценки секоја година се нашминкани: „Импресивните бројки на Заводот служат само како политичка јадица за гласови“, пишува весникот - „а вистината е дека на секој Македонец што живее со плата од околу 330 евра му требаат уште најмалку 150 евра за да ги подмири месечните трошоци“.
На ред дојде и партијата на Љубе: општинските комитети на партијата на власт имаат наредба да врбуваат членови од Обединети за да ја претопат и таа партија во своите редови.
Фокус.

Дневник критички забележува: „Граѓанско општество без граѓани - снема донации, снема невладини организации, откако донаторските пари се повлекоа, невладините воопшто не се заинтересирани за истите проблеми на граѓаните за кои претходно 'силно‚ се бореа“.

Вечер, редовно опседнат со Грција, насловува: „Грците штрајкуваат, македонските компании трпат милионски штети“, а Утрински објавува дека „Трајко Вељаноски со свита од 30 луѓе ќе престојува во Австралија што владејачката партија ја направила како локална дестинација - небаре одат до Ѓорче Петров“.

Дневниот Фокус објавува дека „На ред дојде и партијата на Љубе: општинските комитети на партијата на власт имаат наредба да врбуваат членови од Обединети за да ја претопат и таа партија во своите редови“.

И за темата број еден во изминативе денови: посетата на Нимиц на Скопје и на Атина. Нова Македонија дошла до заклучок дека формулата „Ерга омнес отпаѓа, пак во игра двојната формула“, анализирајќи ги изјавите на Нимиц.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG