Достапни линкови

Путин побара поддршка за неговата претседателска кампања


Рускиот премиер Владимир Путин при неговото обраќање на собирот бо Москва

Рускиот премиер Владимир Путин при неговото обраќање на собирот бо Москва

Рускиот премиер Владимир Путин на собирот на стадионот во центарот на Москва повика на поддршка на неговата кампања за претседателските избори, кои ќе се одржат на 4 март. Путин при неговото обраќање вети дека ќе го спречи надворешното мешање во внатрешната политика на Русија. Тој исто така изрази сигурност дека ќе победи на изборите во како што ја нарече битката за иднината на земјата.
Полицијата соопшти дека на собирот учествувале околу 100 илјади луѓе. Според анкетите Путин е фаворит на изборите и би требало лесно да извојува победа.
XS
SM
MD
LG