Достапни линкови

Хомс и натаму мета на владините сириски сили


Силите на сирискиот режим продолжиле да го гранатираат опозиционото упориште во центарот на градот Хомс, јавуваат активистите. Владините сили истовремено, со воени возила влегле во квартот Баба Амр. Како што се јавува, Хомс веќе 20 дена е цел на напади на владините сили, во кои, според активистите, загинале стотици луѓе.
При вчерашните напади загинаа и американскиот новинар, дописник на британскиот Сандеј Тајмс, Мариа Колвин и францускиот фото репортер и новинар Реми Очлик. Сиријското министерство за надворешни работи соопшти дека власта, која забрани присуство на странски новинари, не е одговорна за смрта на новинарите кои таму влегле илегално.
XS
SM
MD
LG