Достапни линкови

Еврозоната во криза, најлошото на Балканот


Од Централна Европа до Централна Азија, кризата во еврозоната зема тежок данок. Колку за пример, во последниот минатогодишен квартал, земјите во овој регион забележаа голем одлив на нето капиталот, што е за прв пат од 2009 година. Најмногу погодени се земјите во јужна и источна Европа.

Eвропската банка за обнова и развој предвидува дека стапката на економски пораст во земјите од јужна и источна Европа годинава ќе изнесува еден процент.
Најлошо влијание од кризата во еврозоната очекуваме да има во југоисточна Европа. Причината за тоа е што тие земји се многу интегрирани во еврозоната преку трговски и финансиски канали. Затоа очекуваме, всушност ние веќе гледаме, дека позатегнатите финансиски услови и намаленото кредитирање од еврозоната се прелива и во овој регион.
Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој.

Тоа е повеќе од половина процентен поен под минатогодишното ниво. Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој вели:

„Најлошо влијание од кризата во еврозоната очекуваме да има во југоисточна Европа. Причината за тоа е што тие земји се многу интегрирани во еврозоната преку трговски и финансиски канали. Затоа очекуваме, всушност ние веќе гледаме, дека позатегнатите финансиски услови и намаленото кредитирање од еврозоната се прелива и во овој регион.“

На Балканот, повеќето земји со еврозоната се поврзани преку Грција која, пак, е во епицентарот на кризата. Затоа, според Цетелмајер, тие се надеваат дека пакетот на Европската унија за спасување на Грција ќе ги намали и нивните болки.

Општо земено, сите трговски партнери на еврозоната страдаат од нејзиниот намален апетит за увоз на производи.
Украина многу извезува во Европската унија, а има и големо присуство на европски банки во нејзиниот банкарски систем што ја става земјата во многу ранлива позиција.
Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој.

Европската банка за обнова и развој предвидува дека годинава порастот во еврозоната ќе биде со негативен предзнак.

Цетелмајер додава дека и подалечените соседи на Европската унија, како Украина, ќе ги почувствуваат ефектите од намалените побарувачки.

Европската банка за обнова и развој смета дека годинашната стапка на украинскиот раст ќе падне од ланските 5 на 2,5 насто.

„Украина многу извезува во Европската унија, а има и големо присуство на европски банки во нејзиниот банкарски систем што ја става земјата во многу ранлива позиција.“

​Ова особено важи за Грузија чиј економски развој најмногу зависи од директните западни инвестиции во таа држава.

Единствено Азербејџан, земја која е богата со природен гас, нема да почувствува негативни последици од кризата во еврозоната.

Европската банка за обнова и развој исто така предвидува дека Русија во оваа година ќе забележи пораст од 4,2 насто, додека во Централна Азија порастот би изнесувал до 7 проценти.

И во двата случаи развојот ќе биде воден од зголемената побарувачка на стоки, пред се на енергијата.

Се додека глобалната економија продолжува да расте на сегашно ниво, не се очекува побарувачката за енергија да се намали толку многу за да им донесе тешкотии на оние што ја извезуваат.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG