Достапни линкови

Истрага - кој ги лажираше буџетските податоци во Грција


Парламентот на Грција нареди истрага за активностите на поранешната социјалистичка влада при обелоденување на податоците за буџетскиот дефицит од 2009 година.
Со 168 гласа „за“ и 76 „против“ парламентот реши да се изврши истрага по тврдењата на двајца поранешни вработени од Статистичкиот завод дека податоците за буџетскиот дефицит во 2009 година, објавени со цифра од 15,4 отсто БДП, биле несоодветни со реалните бројки.
Грчките социјалисти кои од ноември се во Владата, негираа такви тврдења, но поддржаа барање за истрага. Огромниот буџетски дефицит на Грција во 2009 година, всушност ја предизвика длабоката финансиска криза во државата.
XS
SM
MD
LG