Достапни линкови

Во Собранието седница со пратенички прашања


За денеска во Собранието на Република Македонија е најавена седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.
Вчера Собранието во рамки на 23. седница ја почна расправата по Предлог законот за измените на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Законот е со цел да почне постапката за враќање на имот на земјава -103 објекти во поранешните југословенски републики и на 59 објекти кои се во Македонија. Седницата беше прекината, а продолжението дополнително ќе биде закажано.
XS
SM
MD
LG