Достапни линкови

logo-print

Кина и Турција потпишаа договори вредни 1,4 милијарда долари


Турскиот претседател Абдула Ѓул и кинескиот потпретседател Кси Џинпинг

Турскиот претседател Абдула Ѓул и кинескиот потпретседател Кси Џинпинг

Кинескиот потпретседател Кси Џинпинг претседаваше на потпишувањето на серија договори за време на неговата посета на Турција со кои ќе се зголеми економската сорбаотка меѓу двете земји. Турскиот министер за економија, Зафер Чаглајан изјави дека Турција и Кина потпишале договори вредни 1,4 милијарда долари.
Договорите се за соработка во областа на агрокултурата, финансиите и банкарството, а потпишаен е и тригодишен договор вреден 1,6 милијарда долари со кој ќе се овозможи трговска размена со локалните валути.
XS
SM
MD
LG