Достапни линкови

Иванов домаќин на амбасадорите од земјите на Вишеградската група


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска беше домаќин на традиционалниот ручек со амбасадорите на Вишеградската група. На средбата присуствуваа амбасадорите на Чешка, Полска, Словачка и на Унгарија, Јозеф Браун, Пжемислав Чиж, Роберт Кирнаг и Јожеф Бенце, како и министерот за надворешни работи, Никола Поповски.
Неговиот кабинет соопшти дека Иванов ја поздравил поддршката на земјите од Вишеградската група за напорите на Македонија и регионот за евро-атланска интеграција, како неопходен предуслов за трајна стабилност, мир и просперитет во Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG