Достапни линкови

logo-print

Убиени најмалку пет демонстранти во Авганистан


Протестите во Авганистан

Протестите во Авганистан

Најмалку пет лица загиналe, кога авганистанските сили пукале врз демонстрантите кои протестираат поради случајното палење на копии од Куранот во базата на НАТО во Баграм. Тројца демонстранти загинале во покраината Парван во реонот Ширван. Додека во Џалалабад бил убиен еден маж, а десет лица се повредени. И на демонстрациите во Кабул дошло до пукање, при што најмалку 1 лице загинало, а 10 се повредени.
Дописникот на Радио Слободна Европа од Џалалабад јави дека авганистанската полиција пукала во обид да ја спречи ескалацијата на протестите.
XS
SM
MD
LG