Достапни линкови

Дијалогот на високо ниво со ЕУ - утешна награда


Дијалогот на високо ниво со ЕУ не значи многу повеќе од утешна награда или бајпас на актуелното статус кво, велат познавачите на евроинтеграциските процеси.

Дијалогот на високо ниво со ЕУ за чие отпочнување и што подобро искористување дојде охрабрување од евро-парламентарците од неформалната група „Пријатели на Македонија“, за познавачите на евроинтеграциските процеси не значи многу повеќе од утешна награда или бајпас на актуелното статус кво. Овој, според нив, ништо повеќе од супститут на отпочнувањето на претпристапните преговори, само значи дека унијата наоѓа начин да продолжи да се занимава со Македонија.
Унијата е сериозно загрижена, значи таа е во дилема дали да се одземе дури препораката, и не само препораката, туку и статусот кандидат на една земја која рапидно покажува сериозно назадување во главните сфери. Ова е бајпас значи да се наметне во постојните состојби и да се потруди да поправи нешто.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„Унијата е сериозно загрижена, значи таа е во дилема дали да се одземе дури препораката, и не само препораката, туку и статусот кандидат на една земја која рапидно покажува сериозно назадување во главните сфери. Ова е бајпас значи да се наметне во постојните состојби и да се потруди да поправи нешто“, изјави професор Мерсел Биљали.
Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“ во Скопје.
Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“ во Скопје.

Отварањето на поглавјата 23 и 24, како што објаснува Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, само значи реактуелизирање на досегашните забелешки, бидејќи во поглавјето 23 се опфатени судството, корупцијата и слободата на изразување, со намера да се прескокне употребата на терминот политички критериуми.
Комисијата мора да има амбасадор овде, којшто ќе биде активен и којшто во секој момент кога ќе излезат од власта да го продаваат ова со розева панделка ќе треба да реагира дека тоа не е така.
Лидија Димова, Македонскиот центар за европско образование.

„Ако Комисијата спомне дека ова е рециклирање на политичките критериуми, тогаш Македонија ќе се зборува, значи не можеш ти да почнеш преговори без да ги имаш исполнето политичките критериуми до минималното ниво и затоа они не викаат политички критериуми.“

Поглавјето 24, пак, вели Димова, значи воспоставување поголема контрола врз визната либерализација. Целиот овој процес, додава Димова, е многу важно да биде контролиран од страна на Унијата, зашто има тенденција на злоупотреба од страна на властите преку негово прикажување како напредок.

„Комисијата мора да има амбасадор овде, којшто ќе биде активен и којшто во секој момент кога ќе излезат од власта да го продаваат ова со розева панделка ќе треба да реагира дека тоа не е така“, вели Димова.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, како и европарламентарците Алојз Петерле и Едуард Кукан порачаа приоритет на македонската влада да остане добивањето на преговори, но во меѓувреме да се искористи дијалогот на виско ниво што го предложи Брисел. Дијалогот со Унијата треба да започне во март.
XS
SM
MD
LG