Достапни линкови

И денеска во Атина и Солун најавени демонстрации


Грчките синдикати за денеска најавија нови протестни собири пред зградата на Парламентот во Атина, како и во центарот на Солун. Причина за демонстрациите е гласањето по итна постапка на предлог-законот, со кој се предвидува намалување на платите и пензиите. Синдикатите ја обвинуват Владата дека ги води работниците и општеството кон беда и мизерија.
Последните собири против новите мерки за штедење, наметнати од меѓународните кредитори во замена за финансиска помош на Грција, беа организирани во неделата.
XS
SM
MD
LG