Достапни линкови

Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина


Денеска во Брисел треба да се одржи новата рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина, на кои според најавите, треба да стане збор за регионалното претставување на Косово и за интегрираното управување со премините. Преговорите требаше да започнат вчера, но тие беа одложени на неопределено време, поради доцнењето на косовската делегација.
Постигнувањето договори за регионалното претставување на Косово и за интегрираното управување со премините се два од трите клучни услови што европските лидери во декември и ги поставија на Србија за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ.
Дипломатски извори во Брисел изразија оптимизам дека и двата тима ќе постигнат договор.
XS
SM
MD
LG