Достапни линкови

Контакт група - „Пријатели на Сирија“


Западните и арапските земји, кои отворено бараат заминување на режимот на Башар ал Асад во Сирија, се готват за состанокот во Тунис на кој ќе се воспостави Контакт групата наречена „Пријатели на Сирија“. Русија нема да учествува, а во Сирија во меѓувреме, продолжуваат насилствата.

Сиријските безбедносни сили убиле стотина лица во последните насилства во Сирија, меѓу кои и 40 во опколениот град Хомс, тврдат активистите. Безбедносните сили, како што се јавува, нападнале села и градови и во провинцијата Идлиб во близина на Турција.
Ние не веруваме дека има смисла да придонесуваме кон натамошна милитаризација на Сирија. Ние не сакаме да гледаме зголемување на насилството. Тоа значи дека ако не можеме да го натераме Асад да подлегне на притисокот тогаш ќе разгледуваме дополнителни мерки.
Викторија Нуланд, портпарол на Стејт департментот.

Во меѓувреме, Црвениот крст побара дозвола за влез на хуманитарна помош во градовите Хомс и Хама. Црвениот крст побара барем два часа прекин на огнот за волентерите да влезат и да ги извлечат ранетите. Генералниот секртетар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека се бара кандидат за хуманитарен координатор во Сирија.

Официјален Вашингтон, пак, без одлука да им помогне со оружје на бунтовниците кои се противат на владеењето на сиријскиот претседател Башар ал Асад. Портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави:

„Ние не веруваме дека има смисла да придонесуваме кон натамошна милитаризација на Сирија. Ние не сакаме да гледаме зголемување на насилството. Тоа значи дека ако не можеме да го натераме Асад да подлегне на притисокот тогаш ќе разгледуваме дополнителни мерки.“
Русија сака сите членки на меѓународната заедница да бидат пријатели на сирискиот народ, а не само на дел од него.
Александар Лукашевич, портпарол на руското министерство за надворешни работи.

Западните и арапските земји кои отворено бараат повлекување на режимот на Башар ал Асад подготвуваат воспоставување на контакт група за Сирија наречена „Пријатели на Сирија“. Таа треба својот прв состанок да го одржи на 24 овој месец во Тунис. Русија одби да учествува во оваа група, бидејки во неа нема да има преставници на сириската влада.

„Русија сака сите членки на меѓународната заедница да бидат пријатели на сирискиот народ, а не само на дел од него“, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Од друга страна, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека состанокот во Тунис ќе покаже колку сиријскиот режим е изолиран.

„Ние ке испратиме силна порака до Русија, Кина и другите кои не се сигурни околу тоа дека треба да се справат со насилството и дека прават погрешен избор.“
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG