Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Абхазија преживеа атентат


Александар Анкваб, претседател на Абхазија

Александар Анкваб, претседател на Абхазија

Претседателот на грузијската сепаратистичка република Абхазија, Александар Анкваб денеска преживеа атентат, во кој биле убиени двајца негови телохранители. Во нападот врз конвојот возила во кој бил Анкваб, најнапред била активирана експлозија, а потоа било пукано кон возилата. Никој не ја превзел одговорноста за нападот. Анкваб е претседател на Абхазија од август 2011-та година и досега имало 5 обиди за негова ликвидација. Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност од Грузија, по кратката грузијско – руска војна во 2008-ма. Само Русија ги има признато како независни држави и има свои трупи на тие територии.
XS
SM
MD
LG