Достапни линкови

Престрелки и повредени на демонстрациите во Авганистан


Кабул, 22.02.2012

Кабул, 22.02.2012

Најмалку еден демонстрант загинал во авганистанскиот град Џалалабад, а над 10-мина биле повредени кога авганистанските сили пукале врз демонстрантите кои протестираат поради случајното палење на копии од Куранот во базата на НАТО во Баграм. Дописникот на Радио Слободна Европа од Џалалабад јави дека авганистанската полиција пукала во обид да ја спречи ескалацијата на протестите. И на демонстрациите во Кабул дошло до пукање, при што најмалку 11 лица биле повредени. Протести поради палењето на Куранот имало и во други градови во Авганистан. Соединетите Држави се извинија за инцидентот.
XS
SM
MD
LG