Достапни линкови

Нови протести во Авганистан


Нови протести се случуваат пред база на НАТО во Авганистан откако во објектот беа пронајдени запалени книги на Куранот, најсветата книга на Исламот. Медиумите јавуваат дека стотици авганистански демонстранти фрлале камења кон објектот во Баграм, северно од Кабул. Демонстранти се собираат и во градот Јалалбад, јави новинската агенција Ројтерс. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Леон Панета се извини за, како што рече, несоодветниот третман на копии на Куранот и најави истрага.
XS
SM
MD
LG