Достапни линкови

Ирански воени бродови го поминаа Суецкиот канал по посетата на Сирија


Ирански воен брод

Ирански воен брод

Два ирански воени бродови поминале преку Суецкиот канал, по посетата на пристаништето Тартус во Сирија. Според извештаите, бродовите биле исти како оние кои го поминаа каналот во саботата на патот кон сириското пританиште.
Сириските опозициски активисти во Либан соопштија дека иранските воени бродови можеби доставуваат софистицирано оружје и опрема за прислушување за да им помогнат на властите од земјата.
Египетските власти по собрувањето на претседателот Хосни Мубарак им дозволуваат на иранските бродови да поминуваат покрај Суецкиот канал.
XS
SM
MD
LG