Достапни линкови

Нови училници, или протести во струшката гимназија


Гимназијата Ибраим Темо во Струга.
Гимназијата Ибраим Темо во Струга.

Ако Министерството за образование деновиве не отпочне со градба на најавените дополнителни училници во струшката гимназија Ибраим Темо, професорите, учениците и родителите не ја исклучуваат можноста да организираат мирни протести.

По неколкудневниот одмор поради снегот, деновиве продолжуваат маките за 1.400 ученици од струшката гимназија Ибраим Темо. Училиштето се соочува со недостиг на простор за изведување на наставата. Ако деновиве Министерството за образование не даде амин за отпочнување со градба на шест училници кои треба да го решат овој проблем, не се исклучува можноста учениците заедно со нивните професори и родители да излезат на мирни протести. Училниците требало да бидат готови уште во септември, пред стартот на учебната година, вели Соња Столевска, заменик-директор во Ибраим Темо.
Една од опциите беше да се излезе на мирни протести за да слушне јавноста и да се забрза процесот. Разговорите беа сериозни, но и сериозно пристапивме кон тоа дека треба да се издржи уште малку. Се надевам дека ќе се заврши работата.
Соња Столевска, заменик-директор во Ибраим Темо.

„Една од опциите беше да се излезе на мирни протести за да слушне јавноста и да се забрза процесот. Разговорите беа сериозни, но и сериозно пристапивме кон тоа дека треба да се издржи уште малку. Се надевам дека ќе се заврши работата. Ние во Министерството им кажавме дека имаме притисок за оваа работа и тие ветија дека нема потреба од тоа оти работата ќе се заврши“, изјави Столевска.
Урим Крка, директор на гимназијата Ибраим Темо во Струга.
Урим Крка, директор на гимназијата Ибраим Темо во Струга.

За трагедијата да биде поголема, професорите биле принудени да одржуваат дел од наставата во наставничката канцеларија, па дури и во соседниот средношколски интернат. Директорот на гимназијата Урим Крка вели оти од Министерството за образование добиле ветување дека, откако времето ќе се затопли, ќе стартуваат градежните активности.
Тоа не беше наш проблем. Имаше договор Министерството за образование со изведувачот. Тука имаше проблеми. Финансиски ли беа проблемите, не можам да кажам.
Урим Крка, директор на гимназијата Ибраим Темо.

„Сега со појавата на снеговите и дождовите стана многу тешко бидејќи дел од тие простории се поплавуваа и цело време ги чистевме.“

РСЕ: Каде беше проблемот, поминаа неколку месеци?

„Тоа не беше наш проблем. Имаше договор Министерството за образование со изведувачот. Тука имаше проблеми. Финансиски ли беа проблемите, не можам да кажам“, вели директорот Урим Крка.

Во последните неколку денови, поради прокиснување на дел од покривната конструкција оштетени се неколку училници помеѓу кои и кабинтетите по информатика и математика.

Од Министерството за образование информираат дека доцнењето со градба било поради лошиот проект кој бил изготвен по нарачка на училиштето. Од лошо изготвената проектна документација, многу позиции ставени во предметниот дел кон тендерската документација не соодветствуваат со фактичката состојба, но Министерството ги презема сите мерки за надминување на проблемите согласно законот за градење и законот за јавни набавки, информираат од Министерството за образование.

Евентуалните протести против доцнењето со изградба на новите училници би го покажале единството помеѓу средношколците Македонци, Албанци и Турци во Струга, ако се знае дека пред само две години во Ибраим Темо се случија серија инциденти, токму помеѓу ученици-Албанци и Македонци. Дел од нив тогаш беа повредени и завршија во болница. Директорот Крка вели дека ситуацијата сега е мирна и оти инциденти во неговото училиште нема.

Мики Трајковски
XS
SM
MD
LG