Достапни линкови

Пожар остави деветчлено семејство без дом


Семјството Алиоски живее во шупа, откако до темел им изгоре куќата.

Семјството Алиоски живее во шупа, откако до темел им изгоре куќата.

Семејството Алиоски од прилепско Канатларци бара помош од локалните власти, фирмите и хуманите луѓе да им помогнат да си ја обноват куќата која до темел им изгоре во пожар.

Деветчленото семејство Алиоски од прилепското село Канатларци повеќе од 2 недели живее во шупата во дворот, откако во пожар им изгоре куќата до темел, целата покуќнина и паричната заштеда печалена со години.
Не можевме ништо од куќата да спасиме. Речиси се е уништено: регали, седмоседи, двоседи, маси, компјутери, телевизори што имаше внатре, друга електрична опрема, фрижидери...Според наша процена штета е околу 30.000 евра.


Немаат пари да градат нова, да си купат топла облека, да се сместат во топло катче додека пукне пролетта. На 10 и повеќе степени под нулата, во овие екстремно студени зимски ноќи се кријат во малата шупа, за да се спасат, да преживеат.

„Не можевме ништо од куќата да спасиме. Речиси се е уништено: регали, седмоседи, двоседи, маси, компјутери, телевизори што имаше внатре, друга електрична опрема, фрижидери... Според наша процена, штетата е околу 30.000 евра“, вели Садуш Алиоски.
Опожарена куќа на семејство Алиоски од прилепското село Канатларци

Опожарена куќа на семејство Алиоски од прилепското село Канатларци


Трите мали деца со денови ги носат кај блиските роднини и соседите, за да каснат топла супа, да се згреат, зашто немаат ниту храна, ниту можност да им зготват топол оброк. Велат претешко им е:

„Јадење немаме, немаме каде да готвиме, ништо, ништо не остана, се изгоре и парите и златото, ништо не
Јадење немаме, немаме каде да готвиме, ништо, ништо не остана, се изгоре и парите и златото, ништо не остана.
остана“, се жали младата мајка, 20-годишната Севим Алиоска.

Најголемиот товар паѓа врз грбот на највозрасниот домаќин, Савим Алиоски. Тој нема решение за овој проблем. Бара, моли за помош, но сепак достоинствено вели дека и во оваа тешка несреќа, се среќни бидејќи се сите здрави и живи.

„Се до темел изгоре, ништо не можеме да реновираме. Понатаму не знам, ако има нешто помош, добро, ако не, здравје.“

Алиоски поднеле барање до прилепската локална самоуправа, а градоначалникот Марјан Ристески вети помош.

„Формирана е Комисија за елементарни непогоди. Тие ќе ги видат записите на лице место и Општината стандардно како што помагаме при многу случаи при елементарни непогоди, значи на семејството на кое му се опожари куќата ќе му помогнеме со одредена сума пари“, вети Ристески, упатувајќи апел за помош и до фирмите и до хуманите луѓе.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG