Достапни линкови

logo-print

Пријателите од ЕП бараат почеток на преговори за Македонија


Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“

Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“

Процесот на проширувањето на ЕУ е важен, особено во однос на проширувањето со вашата земја, ја пренесоа пораката евро-пратениците, членови на неформалната група „Пријатели на Македонија“.

Во време кога Европа е зафатена со други одлуки и проблеми ја потсетуваме дека процесот на проширувањето е подеднакво важен, особено во однос на проширувањето со вашата земја.
Македонија треба да почне преговори за членство без натамошно одложување и дека треба да се користи придавката македонски во однос на јазикот, идентитетот и кулутурата. Критиките што се внесени во резолуцијата се пријателски и тие се насочени кон побрзо интегрирање на земјава и подобрување на нејзините перспективи кон ЕУ.

Вака известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит ја образложи посетата со своите колеги Едуард Кукан и Алојз Петерле во земјава. По разговорите со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, Ховит изјави дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство во Европската унија без натамошно одложување.

„Разговаравме за нацрт-резолуцијата што ќе се достави до Европскиот парламент и ќе се гласа во март. Во неа јасно стои дека Македонија треба да почне преговори за членство без натамошно одложување и дека треба да се користи придавката македонски во однос на јазикот, идентитетот и кулутурата. Критиките што се внесени во резолуцијата се пријателски и тие се насочени кон побрзо интегрирање на земјава и подобрување на нејзините перспективи кон ЕУ“, рече Ховит.

Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“

Прес-конференција на Министерот за надворешни работи Никола Попоски и членови на неформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“

Тој меѓудругото истакна дека дијалогот на високо ниво за претпристапни преговори кој ќе се одржи во март ќе даде нов поттик во евроинтегративниот процес на Македонија и дека искуството од нашите земји ќе биде од корист.

„Мислам дека на дијалогот на високо ниво не треба да му предвидуваме пораз, туку успех. Тој води до заедничко разбирање, прогрес и успех. И мислам дека со искрените намери на Европската комисија и
Мислам дека дијалогот на високо ниво со Европската Унија е добар знак и вие треба тоа целосно да го искористите. Што се однесува до резолуцијата која парламентот ќе ја гласа во март, се уште има дискусии, но сигурен сум дека таа ќе биде усвоена и истата ќе значи делотворна помош за вашите амбиции.

добрата волја, дијалогот ќе биде поддржан во Парламентот и истиот ќе води кон прогрес. Дијалогот всушност ќе биде дел од процесот“, изјави Ховит.

Европратеникот Едуарт Кукан изјави дека ги поддржува евроинтегративните амбиции на Македонија, истакнувајќи дека земјава има многу пријатели во Европскиот парламент.

„Мислам дека дијалогот на високо ниво со Европската унија е добар знак и вие треба тоа целосно да го искористите. Што се однесува до резолуцијата која парламентот ќе ја гласа во март, се уште има дискусии, но сигурен сум дека таа ќе биде усвоена и истата ќе значи делотворна помош за вашите амбиции“, рече Кукан.

Знам како е да се биде во чекална и знам дека не е пријатно ако многу се чека, рече словенечкиот пратеник Алојз Петерле.

„Исто така знам дека имате пријатели и верувам дека тие ви требаат. Дијалогот на високо ниво е добра шанса, не само во однос на Европската комисија, туку и како можност да се слушнат повеќе мислења од различни групи. Се сретнавме и со претставници на политички партии и не радува тоа што постои заедничка одговорност за европската интеграција. Овде сме да ги охрабриме главните играчи да продолжат во овој дух“, рече Петерле.

Министерот Попоски изрази задоволство од разговорите со европарламентарците.
Тој се надева дека препораката за отпочнување преговори ќе биде повторена во рамките на нацрт-резолуцијата што се подготвува, а го радува и, како што рече, тоа што Европскиот парламент го забележува сензибилитетот кој постои околу употребата на придавката македонски и дека во иднина практиката ќе се води од демократските принципи кои се втемелени во Унијата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG