Достапни линкови

logo-print

Постигнат договор за помош на Грција од 130 милијарди евра


Министрите за финансии на еврозоната постигнале договор на Грција да и бидат доделени 130 милијарди евра за спас на таа земја од банкрот. Според извештаите, целта на договорот е до 2020 година да се доведе грчкиот долг до 120, 5 проценти од Бруто домашниот производ. Дипломати во Брисел изјавија дека на детали од договорот сеуште се работи, по 12 часа преговори.
На Грција очајно и треба уште еден спасувачки пакет за да се избегне финансиски колапс во март, кога ќе треба да се плати рата од 14, 5 милијарди евра од издадените обврзници. По пет години рецесија, Грција сега има долг поголем од 160 насто од својот БДП.
XS
SM
MD
LG