Достапни линкови

Бугарија продолжи да извезува струја


Бугарија денеска од полноќ продолжи да извезува електрична енергија во соседните балкански земји, по 11-дневен прекин поради зголемената домашна потрошувачка предизвикана од студениот бран. Бугарија е главен извозник на струја на Балканот и во минатата година во соседните земји Грција, Србија, Македонија и во Турција извезла 10,5 милијарди киловат часови.
Во соопштението од министерството за енергетика се вели дека залихите од јаглен сега се нормализирани, а и температурите се повисоки, па извозот може да биде продолжен.
XS
SM
MD
LG