Достапни линкови

logo-print

Времето денеска променливо со повремени врнежи


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и претежно тивко со кратки сончеви периоди и со повремен слаб дожд на пониските, а слаб снег на повисоките места. Се очекува врнежите да бидат застапени повеќе во утринските часови.
Утринската температура се движи од минус пет до два, а дневната ќе биде од три до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко со услови за слаб дожд особено во утринските часови. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до околу седум степени.
До утре се очекува да преовладува променливо облачно време, локално да има услови за краткотраен слаб дожд. Утре повеќе се очекува дождот да биде застапен особено во југоисточниот дел на земјава, а на повисоките планини ќе проврнува слаб снег. Намалување на облачноста се очекува в четврток, а благо покачување на температурата ќе има во наредните денови.
XS
SM
MD
LG