Достапни линкови

Невработеноста - еден од главните проблеми на младите


Дебатата насловена „Кои се приоритетите на младите во Македонија?“ во Скопје, дел од циклусот дебати организирани од Иницијатива за младинско учество.
Дебатата насловена „Кои се приоритетите на младите во Македонија?“ во Скопје, дел од циклусот дебати организирани од Иницијатива за младинско учество.

Повеќе од половина од младите активно бараат работа повеќе од една година, покажуваат резултатите од истражувањето на младинските невладини организации.

Граѓанската пасивност, невработеноста и исклученоста на младите беа главни теми на дебатата насловена „Кои се приоритетите на младите во Македонија?“. Истражувањето кое се презентираше при дискусијата покажува дека повеќе од две третини од младите за пари зависат од своите родители.
Во денешно време младиот човек, ако наместо средно, заврши факултет, тоа не му гарантира поголеми шанси за вработување. Во нашето истражување, а и Заводот за вработување истото го тврди, бројот на вработени млади со средно и со високо образование е приближно еднаков.
Неда Коруновска, НВО Реактор.

„Ако младите и институциите не почнат самоиницијативно да работат на решавање на проблемите и на уривање на јазот меѓу младите и институциите, воедно самите да се борат за немање на младинска апатичност, ниедно истражување нема да го реши овој проблем“, вели проектниот координатор во Младинскиот образовен форум, Сандра Анастасовска, која дополнува дека формирањето на национален младински парламент е едно од суштинските решенија кое го презентираат младинските организации во Скопје.
Дебатата насловена „Кои се приоритетите на младите во Македонија?“ во Скопје, дел од циклусот дебати организирани од Иницијатива за младинско учество.
Дебатата насловена „Кои се приоритетите на младите во Македонија?“ во Скопје, дел од циклусот дебати организирани од Иницијатива за младинско учество.

„Младинскиот парламент треба да биде највисоко претставничко тело на младите во државата и треба да ги застапува нивните интереси во процесот на носење одлуки на национално ниво.“

Според проценките од истражувањето на организацијата „Реактор“, повеќе од половина од младите испитаници активно бараат работа повеќе од една година.
Главниот орган за решавање на невработеноста на младите, тоест Агенцијата за вработување, преку нејзините активни мерки за вработување на младите не допира до овие млади луѓе. 91 отсто од веќе вработените не добиле никаква помош или совет од таа Агенција.
Јана Србијанко, НВО Реактор.

Претставникот на непрофитната организација Неда Коруновска вели дека младите се соочуваат со здравствени и психички проблеми поради невработеноста, која наводно не се намалува со повисокиот степен на образование:

„Тоа значи дека во денешно време младиот човек, ако наместо средно, заврши факултет, тоа не му гарантира поголеми шанси за вработување. Во нашето истражување, а и Заводот за вработување истото го тврди, бројот на вработени млади со средно и со високо образование е приближно еднаков.“

Еден од клучните фактори за задоволство или незадоволство од работата е сигурноста на договорот, вели Јана Србијанко од „Реактор“:

„Главниот орган за решавање на невработеноста на младите, тоест Агенцијата за вработување, преку нејзините активни мерки за вработување на младите не допира до овие млади луѓе. 91 отсто од веќе вработените не добиле никаква помош или совет од таа Агенција.“

Само околу 5 отсто од младите добиле совет како да бараат работа а околу 4 проценти добиле информација од Агенцијата за слободно работно место, покажува истражувањето.
XS
SM
MD
LG