Достапни линкови

Најновиот извештај за смртта на Трајковски во владина процедура


Поранешниот претседател Борис Трајковски

Поранешниот претседател Борис Трајковски

Најновиот извештај во врска со падот на кингерот, при кој загина претседателот Борис Трајковски и членови на неговиот кабинет влегува во владина процедура. Во извештајот чија изработка започна пред неколку години по барање на владата има детали кои досега не се објавени во јавноста.
Во изработката на извештајот се вклучени група специјалисти и експерти кои имаа за задача да направат дополнителна истрага на фактите и клучните моменти, имајќи ја предвид дилемата во јавноста за случајот и отворените прашања меѓу 2004 и 2006 година.
По разгледувањето на владина седница, целокупниот материјал од извештајот се испраќа кај јавниот обвинител, кој треба да оцени ќе се отвори нова истрага.
XS
SM
MD
LG