Достапни линкови

Иванов му ги презентирал ставовите за името на Нимиц


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната средба со посредникот на ОН Метју Нимиц истакнал дека решение за спорот со името со Грција не е можно доколку тоа не го почитува достоинството на граѓаните на Македонија, ако задира во идентитетот и не е согласност со меѓународното право.
Според соопштението на неговиот кабинет, Иванов рекол дека до заемно прифатливо решение може да се дојде само со конструктивност на двете страни и со придржување до рамката во која се водат разговорите, Резолуциите на ОН и Времената спогодба. Нимиц претходно се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG