Достапни линкови

Надлежните се караат, кумановци немаат вода


Цел месец слаб притисок, а два-три дена воопшто нема вода во Куманово. Жителите се жалат дека се заложници на меѓусебото препирање меѓу Водовод и Водостопанство.

Заложничката драма со водоснабдувањето на стотина илјади жители на Куманово продолжува. По тримесечни најави со намалувања на притисокот и цели делови од градот и по неколкудневен прекин на водата, недоразбирањата и неодговорноста на надлежните за водоснабдување, ништо добро не најавуваат. Продолжуваат препукувањата и обвинувањата на политичка, должничко-доверителска и облигациона основа. Двете акумулации се речиси празни, без соодветна контрола, оставени на милост и немилост. Кумановци мака мачат со обезбедување вода од градската водоводна мрежа, а нивниот револт декларативно сите надлежни ги загрижува.
Ова е безобразлук. Крајно време е да се договорат. Катастрофа, не можеме ниту да се искапеме.
Анкетиран граѓанин.

„Кој е крив? Веројатно тие што меѓусебе не се разбираат, Водовод и Водостопанство. Ова е безобразлук. Крајно време е да се договорат. Катастрофа, не можеме ниту да се искапеме.“
Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“ Куманово.
Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“ Куманово.

РСЕ: Како се снаоѓате?

„Одиме по комшии.“

РСЕ: Кој е виновен?

„Градската власт. Се прекупуваат меѓу себе.“
Нема закон во оваа држава. Некој треба да биде затворен за ова. Јас чувам шишиња, цел стан ми е полн со шишиња, зашто во центарот постојано снемува вода.
Анкетиран граѓанин.

„Слаб притисок месец дена, а последните два три дена воопшто нема. Кој е крив? Тој што го води градот.“

РСЕ: Како може да се надмине проблемот?

„Нема закон во оваа држава. Некој треба да биде затворен за ова. Јас чувам шишиња, цел стан ми е полн со шишиња, зашто во центарот постојано снемува вода.“
Браната Глажња во Куманово.
Браната Глажња во Куманово.

Виктор Цветковски, претседател на општинскиот Совет објаснува дека по повеќечасовно вонредно заседавање на надлежните, викендот, заклучено е дека:
Никого не го интересира дали се потребни дополнителни инвестиции за капиталните објекти. Тие се интересираат само за тоа дека водата мора да дотекува и дали и колку ќе плаќаат. Секое политизирање ќе биде казнето од надлежните органи. Гарантираме дека водата била испорачувана.
Филип Филиповски, директор на Водостопанство.

„Советот на Општината го осудува прекинот на дотурот на водата до филтер станицата, бара од надлежните органи да ги преземат сите законски мерки за отркивање, утврдување на субјектите кои предизвикуваат прекин на водата до филтер станицата. Бараме од Водостопанство да обезбеди непречен проток на вода до филтер-станицата, и Водовод и Водостопанство да продолжат со соработка за обезбедување вода на граѓаните.“

РСЕ: Доколку се утврди одговорноста, каква сатисфакција ќе имаат граѓаните, кои сепак мора да ги платат сметките?

„Одговорноста постои, а набрзо граѓаните нема да бидат злаожници. Сатисфакција на граѓаните е што ќе бидат обезбедени со вода. Граѓаните за сето она што го добиваат како производ нормално и треба да платат.“

Запрашан зошто градот 24 часа за викендот немаше капка вода, Филип Филиповски, директор на Водостопанство со одговор:

„Водостопанство формира комисија која извести дека целата траса од Липково до точка на снабдување со вода, испорачува сирова вода до директниот вод на Водовод. Директниот вод е инвестиција на Водовод и е под нивни ингеренции. Како и одржувањето и обезебедувањето.“

„Водостопанство“, по конфликтот нема свое обезбедување на двете акумулации, но, според Филиповски, има оператори кои ја следат состојбата во рамките на своите надлежности, бидејќи е задолжено за дистрибуција и акумулирање на вода. Во Законот за водостопанство е дефинирано дека надлежноста на Водостопанство е до точката на примопредавање до примарниот цевковод кој се спојува со секундарниот.

Филиповски вели дека нема комуникација со директорот на Водовод и разбирање за формирање заедничка група, иако двете претпријатија се клучни за водоснабдување. Објектите се стари по 50 години и ниту се сервисирани, ниту обезбедени. Затоа според Филиповски не е исклучено непознат сторител да дојде и да направи нешто.

„Никого не го интересира дали се потребни дополнителни инвестиции за капиталните објекти. Тие се интересираат само за тоа дека водата мора да дотекува и дали и колку ќе плаќаат. Секое политизирање ќе биде казнето од надлежните органи. Гарантираме дека водата била испорачувана.“

Филиповски вели дека до пред три месеци кога кумановци почнаа да чувствуваат недостиг биле испорачувани 220 литри вода во секунда, а „Водовод“ почнал да прикажува намалување, бидејќи мерните инструменти се под нивна контрола. Филиповски е изненаден што локалната самоуправа ниту еднаш не се запрашала колку има вода во акумулациите, зашто сегашните 5,2 милиони метри кубни е недоволно количество и состојбата е повеќе од сериозна.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG