Достапни линкови

logo-print

Бароан-сега е вистинско време за спас на Грција


Францускиот министер за финансии Франсоа Бароан изјави денеска дека сега е вистинско време да се одобри вториот пакет помош за спас на Грција. Тој пред почетокот на средбата на министрите за финансии на еврозоната во Брисел рече дека Грција неможе да чека предолго.
Министрите денеска треба да одлучат дали ќе го одобрат кредитот за Грција од 130 милијарди евра, кој треба да и помогне на земјата да избегне банкрот.
Член на Извршниот совет на Европската централна банка, Јерг Асмусен изјави дека Грција не претставува опасност за светската економија.
XS
SM
MD
LG