Достапни линкови

Волстрит џурнал - тешко дека Грција ќе ги врати долговите


Czech Republic -- First page of The Wall Street Journal, (USA) newspaper, 05Nov2009

Czech Republic -- First page of The Wall Street Journal, (USA) newspaper, 05Nov2009

Меѓународниот монетарен фонд очекува грчкиот долг да достигне ниво од 129 проценти од бруто домашниот производ на земјата до 2020 година и покрај прогнозираните 120 отсто, објави весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се податоците од проект-анализата на Фондот за платежната способност на Грција.
Ова ниво е значително над првичните оценки за нивото на долгот и сега е уште потешко да се брани тезата дека земјата некогаш ќе ги врати своите долгови, наведува весникот.
Со цел да ги избегне ризиците, ММФ има правило да не ги отпушта средствата на земјите, кои според неговите анализи не се во состојба да ги вратат.
Според последните проценки на ММФ, грчкиот долг кон крајот на минатата година достигна 166 проценти од БДП на земјата.
XS
SM
MD
LG