Достапни линкови

Цената на нафтата на 9 месечно рекордно ниво


Цената на нафтата постигна девет месечен рекорд откако Иран ја прекина продажба на нафта за Велика Британија и за Франција во знак на одмазда поради санкциите од овие земји. Санкциите кон Иран пак беа воведени поради контроверзната нуклеарна програма на Исламската Република.
Денеска на азиските берзи нафтата се тргуваше за речиси 105 долари за барел што е највисока цена од мај.Министерството за нафта на Иран вчера објави дека продажба на нафта во Велика Британија и Франција е запрено како одговор на неодамнешните санкции од Европската унија вклучувајќи ги и мерки насочени кон централната банка на Иран и забраната за иранскиот увоз на нафта до ЕУ предвидено да започне на 1 јули.
Според извештаите Франција и Велика Британија многу малку користеле иранската нафта.
XS
SM
MD
LG