Достапни линкови

logo-print

Jужна Кореја спроведува воени вежби,Северна се заканува


Јужна Кореја спроведе неколку воени вежби на пет острови лоцирани во близина на спорната граница меѓу Јужна и Северна Кореја и покрај предупредувањата за одмазда од Пјонгјанг. Јужна Кореја соопшти дека немало реакции од страна на Северна Кореја додека траеле вежбите во областа на Жолтото Море, каде што четири Јужнокорејци беа убиени во артилериски напад од страна на Северна Кореја во 2010 година. Војската на Јужна Кореја соопшти дека вежбите се одржале на сите пет острови истакнувајќи дека силите пукале кон југ, далеку од Северна Кореја. Северна Кореја се закани дека ќе изврши напад што ќе биде "илјада пати потежок" од инцидентот пред две години, доколку Јужна Кореја продолжи со овие вежби.
XS
SM
MD
LG