Достапни линкови

Германските партии се согласија за нов претседател


Претседателот Кристијан Вулф поднесе оставка од функцијата

Претседателот Кристијан Вулф поднесе оставка од функцијата

Германската канцеларка Анѓела Меркел изјави дека владината коалиција и опозицијата се согласиле да го номинираат поранешниот активист за човекови права, Јоаким Гаук за наследник на претседателот Кристијан Вулф. Меркел најави дека Гаук ќе биде следниот претседателски кандидат.
Оставката на Вулф беше удар за Меркел, која го протурка неговиот избор во 2010 и покрај фактот што повеќето Германци го претпочитаа неговиот ривал Гаук.
72-годишниот Гаук е поранешен протестантски свештеник во Источна Германија кој ги надгледуваше архивите на тајната полиција по падот на Берлинскиот ѕид.
XS
SM
MD
LG