Достапни линкови

Мнозинството Грци сметаат дека власта е одговорна за кризата


Поглемиот број анкетирани Грци, односно 81 процент сметаат дека за економската криза во Грција се виновни домашните власти. Според резултатите на анкетата на грчкиот институт Марк, само девет насто од испитаниците сметаат дека таа е последица на светската економска криза, а шест насто виновникот го гледаат во Европа и ММФ.
Анкетата покажала дека само 19 насто од Грците се за излез на Грција од еврозоната. Тие сметаат дека повторно треба да се воведе драхмата како национална валута која Грција ја користеше до 2002 година.
XS
SM
MD
LG