Достапни линкови

Отповикан египетскиот амбасадор во Сирија


Градот Хомс по бомбардирањето

Градот Хомс по бомбардирањето

Официјален Египет соопшти дека го отповика својот амбасадор во Сирија. Египетското министерство за надворешни работи информираше дека одлуката ја донел министерот за надворешни работи Мохамед Амр по состанокот со амбасадорот на Египет во Дамаск, кој е моментално во Каиро.
Портпаролот на министерството, Амр Рушти изјави дека амбасадорот ќе остане во Каиро, до дообивањето на дополнителни информации.
Одлуката на Египет доаѓа по изјавата на активистите дека сириските владини сили продолжуваат со бомбардирање на централниот град Хомс, кој е фокусна точка на единаесетмесечните протести.
XS
SM
MD
LG