Достапни линкови

Иванов оствари средба со премиерот и претседателот на Турција


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов оствари средби со претседателот и со премиерот на Турција, Абдула Ѓул и Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. Кабинетот на претседателот соопшти дека на средбите соговорниците констатирале позитивен тренд во развојот на билатералните односи и соработка и изразиле задоволство од континуираното високо ниво на политички односи меѓу Македонија и Турција, кои се карактеризираат со дух на пријателство, висок степен на доверба и отсуство на отворени прашања.
Централна тема на средбите беше состојбата со македонската интеграција во НАТО во пресрет на Самитот во Чикаго. Иванов изјавил дека Макеоднија ги исполнила условите и заслужено очекува членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG