Достапни линкови

Презентирана годишната програма на АРМ


Припадници на АРМ

Припадници на АРМ

Министерот за одбрана Фатмир Бесими изјави денеска дека се стреми за создавање Армија на иднината, која ќе биде престижна, професионална и модерна по принципот на гарантирање мир и стабилност, како и за институции со висок кредибилитет и модел за градење доверба и меѓусебно почитување. Во денешното обраќање на презентацијата на годишната програма за одбележувањето на јубилејот 20 години АРМ, Бесими рече дека остануваат посветени на остварување на зацртаните цели, интеграција во евроатлантските структури, придонес во регионалниот и глобалниот мир и добрососедски односи.
Според началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Армијата за кратко време успеала да ги достигне бараните стандарди од НАТО и рамноправно да учествува во меѓународните мировни мисии, со партнерите на Алијансата.
XS
SM
MD
LG