Достапни линкови

Повредени 16 лица при две експлозии во дискотека во Романија


Најмалку 16 лица се повредени во две експлозии во дискотека во северниот романски град Сигету Мармациеј. Во првата експлозија се ранети седум лица, кои се здобиле со тешки изгореници, а при втората експлозија ранети се девет лица, кои пристигнале на местото на инцидентот да ги истражат причините за првата експлозија.
Според романските медиуми меѓу повредените во втората експлозија има тројца полицајци, двајца пожарникари, а останатите се претставници на компанииите, кои доставувале гас и струја.
XS
SM
MD
LG