Достапни линкови

Грчката влада ги усвои мерките за штедење


Грчката влада ги усвои мерките за штедење, кои беа потребни за земјата да го добие новиот пакет помош од 130 милијарди евра. Официјално Атина минатата недела на партнерите од еврозоната им ги обелодени деталите од ребелансот на буџетот и намалувањето на платите во јавниот сектор во вредност од 325 милиони евра.
Грчките власти се надеваат дека утре на состанокот во Брисел ќе биде поддржан планот за спас на земјата, кој ќе и помогне да го избегне банкротот наредниот месец.
XS
SM
MD
LG