Достапни линкови

Свеченост по повод 20 годишнината на АРМ


Во Домот на Армијата денеска ќе се одржи свеченост по повод презентацијата на Годишната програма за одбележување на Јубилејот „20 години АРМ“. Пригодни обраќања ќе имаат министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.
На свеченоста поканети се и министри од Владата, претставници од кабинетот на Претседателот, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Македонија, генералите во АРМ, клучниот персонал во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици, истакнати личности од областа на културата и уметноста и други високи гости.
XS
SM
MD
LG